Нови студии: Океаните се дом за стотици илјади вируси

Колумбус, 10 мај 2019 (МИА) – Во океаните, според најновите истражувања, живеат речиси 200.000 вида на вируси.

 

Истражувачите во океаните од Северниот до Јужниот пол откриле вируси на длабочина од 4.000 метри.

Иако повеќето се безопасни за луѓето, тие можат да го заразат морскиот свет, вклучувајќи ги и китовите и раковите.

Истражувачите од Државниот универзитет во Охајо составија мапа на вируси во светот што се пронајдени во море врз основа на примероци од морска вода со речиси 80 локации ширум светот. Количината на вируси е речиси 12 пати повисока отколку што претходно се сметало. Научниците биле изненадени кога откриле дека вирусите во море може да се поделат на само пет групи, врз основа на локацијата и длабочината каде се наоѓаат.

-Кога ги испитувавме вирусите од секоја група, пронајдовме докази за генетска адаптација на различни делови од океанот, вели истражувачот Ен Грегори од КУ Левен, Белгија.

Друго изненадување за истражувачкиот тим било дека на Арктикот има голем број на различни вируси. Претходно научниците мислеа дека топлината позитивно влијае на разновидноста на вируси, така што најразлични групи би можеле да најдат околу екваторот.

Во литар морска вода обично се содржат милијарди вируси – од кои огромното мнозинство не се познати. И според најновите мерења, 90 проценти од вирусите во океаните не може да се класифицираат во одредена група која е веќе позната во науката. 

реклама

Глетка од која застанува здивот: Диви коњи трчаат на Пелистер

Read more

СЗО препорача да се носи маска, но потребно е да биде трислојна за да ве штити од COVID-19

Read more

Како твитерџиите реагираат на 80-часовниот полициски час?

Read more

Четиригодишно дете почина по пад од трактор

Read more

Вести

Маск: Време е Amazon да се разбие

Read more

Кинески радиотелескоп наскоро ќе бара вонземјани

Read more

SpaceX во орбитата ќе лансира нови Starlink сателити

Read more

Се тестира технологија за 6G мрежа

Read more

Гик

Маск: Време е Amazon да се разбие

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за видеоиграта Project Cars 3

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да го избришете профилот на Zoom?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Hublot произведе паметен часовник кој чини 5.800 долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Гејмерски рекорди кои најверојатно никогаш нема да бидат срушени

Читај повеќе

Колку смисла имаат тестовите на антитела на коронавирус?

Читај повеќе

Сепак следат сѐ што правиме онлајн - Google пред тужба за нарушување на приватноста

Читај повеќе

Научниците открија: Овде воздухот е најчист во светот

Читај повеќе
  • filter

HP го претстави новиот лаптоп Omen 15 наменет за гејмери

Читај повеќе