Нови тензии на Косово: Запален полициски автомобил, судир со полицијата и прекината настава

Напнатата ситуација во српските општини Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ на северот од Косово која се создаде откако специјалните сили на косовската полиција и новоизбраните градоначалници во општините што Србите не ги признаваат, ескалираше попладнево кога дојде до судир меѓу собраните српски граѓани и полицијата во Звечан.

Според дописникот на РТС, се слушнале и рафали, било запалено полициско возило, а биле фрлени и шок бомби.

Припадниците на косовската полиција фрлиле солзавец пред зградата на општината за да ги растера насобраните Срби, меѓу кои има и повредени, а некои медиуми јавуваат дека во Звечан одекнале и три детонации.

Подоцна, припадници на косовската полиција влегоа во зградата на општината, оставајќи зад себе на улицата огромно количество чад од солзавец и шок бомби. Оклопни возила и специјални полициски единици се сместени пред зградата на општината.

Remote video URL

Откако се огласија сирените за тревога, голем број граѓани се собраа на плоштадот пред општината во Лепосавиќ, а по најавата за пристигнување на специјалци го блокираа сообраќајот на главната улица од двете страни на приодот кон зградата на општината.

 

Неофицијално, тие добиле информација дека кон Лепосавиќ се движи конвој од неколку оклопни полициски возила. Во меѓувреме во Лепосавиќ се појавиле оклопни возила, а граѓаните поставиле барикади на патот кон градот.

Во Митровица, каде што исто така се огласиле сирените за тревога, била прекината наставата на на факултетите и во училиштата, но не беа пријавени инциденти.

„Во исто време кога се огласиле сирените, во некои делови на Митровица снемало струја. Многу тешко функционира и интернетот, како и телефонските линии,“ јавува KoSSev.

Remote video URL

Како што дознава Euronews Srbija, припадниците на косовската полиција изутрината најпрво се обиделе да влезат во општинската зграда во Зубин Поток, за да му обезбедат влез на новиот градоначалник Албанец. Група граѓани ги спречила по што тие се повлекле.

По огласувањето на сирените за тревога, косовската полиција извести дека „им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа – во службените објекти на овие општини“.

URL

Новоизбраните градоначалници во овие три мнозински српски општини положија заклетва на 25 мај, со што ја презедоа локалната власт на северот на Косово. Тие ги презедоа своите должности во јавни згради бидејќи во општинските згради, во кои се наоѓаат привремените општински тела кои работат во српскиот систем, не им беше дозволен пристапот.

Само во Митровица има општинска зграда која работи по косовскиот систем, а на 19 мај во неа функцијата ја презеде Ерден Атиќ од Самоопределување.

Тагови
реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Регион

Коста бил нарцисоиден и размислувал како да има 20 години – судски вештак за момчето од Врачар

Read more

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста

Read more

По вчерашните немири, денеска во Косово е мирно

Read more

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Read more
 

Вести

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Читај повеќе

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Читај повеќе

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Читај повеќе

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Читај повеќе

Америка се спаси од банкрот

Читај повеќе

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Читај повеќе

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Читај повеќе
  • filter

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Читај повеќе