И тоа се случи, роботите сè подобро пишуваат вести и совладуваат вештини за смислување наслови. Исклучително сложениот процес на пишување наслови за статии претставува сè помал проблем за вештачката интелигенција на американската компанија Primer.
Компанијата веќе долго време развива вештачка интелигенција, која пишаниот формат може да го обликува како човечки новинар. Овој сложен процес вклучува и смислување соодветни наслови според содржината на статијата.
Вештачката интелигенција до сега има совладано задачи на собирање податоци и пишување кратки извештаи, но никогаш досега не е достигнато нивото на креативност што го имаат новинарите. Всушност, сите наслови кои компјутерите ги направиле или биле погрешни или не биле доволно привлечни за да го привлечат читателот цели да ги прочита.
Но, тоа не важи повеќе. Вештачката интелигенција одговорна за наслови станува сè подобра и подобра што значи дека наскоро ќе наидеме на текстови слични на оние напишани од вистински новинар. Значи, за неколку години роботите ќе пишуваат наместо новинарите, подгответе се за тоа.