Фудбал

Новинарите го изнервираа Андерсон: Не ми се верува дека уште зборуваме за Ибрахимовиќ

14. ноември 2017 - 18:46 | А.С.

Новинарите со едно прашање успеаја да го изнервираат селекторот на Шведска Јан Андерсон.

Шведска во два меча од баражот за Светското првенство успеа да го зачува голот и да им даде гол на Италијанците уште во првиот меч.

Големата прослава на шведската репрезентација почна уште кога судијата го оначи крајот на натпреварот во Милано. Селекторот Андерсон не го криеше задоволството, но новинарите сепак успеаја да го изнервираат и тоа само со едно прашање. Го спомнаа Златан Ибрахимовиќ.

„Ова е неверојатно. Ибрахимовиќ престана да игра за репрезентацијата пред година и пол, а ние уште зборуваме за него. Мора да зборуваме за големите фудбалери што ги имам во тимот и во кои верувам“, рече Андерон на прес-конференцијата по мечот во Милано.

Златан Ибрахимовиќ по Европското првенство во Франција во 2016 година се прости од репрезентацијата.

Како најдобар доказ дека шведската репрезентација може и без најдобриот шведски стрелец на сите времиња (62 гола), Андерсон ги наведе квалификациите за Светското првенство.

„Колективот покажа ила, имаме многу херои во Милано. Многу сум среќен со постигнатиот резултат. Со Ибрахимовиќ моравме да играме поинаку. Тој ја заврши кариерата како репрезентативец, тој е голем шампион и ние се адаптиравме на поинаков систем.“

Ибрахимовиќ, кој поради повреда не игра за Манчестер јунајтед од април, го прослави успехот на тимот објавувајќи на социјалните мрежи фотографија на репрезентацијата и коментар „ We are Zweden  “, како игра на зборови од неговото име и името на родната земја.

 

We are Zweden @swemnt

A post shared by IAmZlatan (@iamzlatanibrahimovic) on

Коментирај