Новинарите ја расплакаа Серена: Дали е ова збогум?

По поразот во полуфиналето на Австралија Опен од Јапонката Наоми Осака со 6:3 и 6:4, американската тенисерка Серена Вилијамс (39) се расплака и ја прекина прес-конференцијата по низата прашања на новинарите кои ѝ сугерираа можно пензионирање.

По поразот, Серена не го напушти теренот веднаш. Остана подолго од вообичаеното, ѝ мавташе на публиката, се поклони трипати пред трибините на Род Лејвер Арена и дури потоа отиде во соблекувалната.

На прашањето дали веќе се простила од гледачите додека излегувала од арената и дали можеби ова било нејзиниот последен настап на тенискиот Грен слем турнир во Мелбурн, Американката со насмевка одговори:

„Не знам. Ако некогаш се збогувам, не би му признала на никого. Па..."

Следуваше последното прашање за бројните грешки за време на натпреварот и дали тоа беше само лош ден, по што Серена се скрши емотивно:

„Не знам... завршив“, рече Вилијамс, почна да плаче, стана и ја напушти прес салата.

Легендарната тенисерка со тоа пропушти уште една шанса за 24-та Грен слем титула за да се изедначи со познатата Маргарет Корт.

URL
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Тенис

Ѓоковиќ откри што би сакал да му пишува на надгробната плоча

Read more

Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино

Read more

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Read more

Јаник Синер потврди дека е во врска со прекрасната Босанка Лајла Хасановиќ

Read more
 

Спорт

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Читај повеќе

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Читај повеќе
  • filter

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Читај повеќе

Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар

Читај повеќе

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Читај повеќе
  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе