Новинарка бара отштета од 600.000 долари поради бакнежот на бугарскиот боксер

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев (37) можеби ќе треба да ѝ исплати 600.000 долари отштета на новинарката Џенифер Равало поради „сексуално вознемирување“, откако ја бакна без нејзина дозвола по интервју во САД.

Новинарката од весникот Vegas Sports Daily поднела пријава против боксерот во тешка категорија поради неговото недолично однесување по интервјуто по борбата со Богдан Дину во март.

При крајот на интервјуто, Равало го праша Пулев дали заслужува да добие шанса против британскиот поранешен шампион во тешка категорија Тајсон Фјури.

Бугарскиот боксер одговори со одлучно „да“ и потоа неочекувано ја бакна Равало на уста и си замина.

Равало во моментот изгреагира зачудено и со насмевка, но подоцна на Twitter доби прашање во врска со инцидентот и рече дека ситуацијата била „засрамувачка“ и „чудна“.

Боксерот тврди дека станува збор за „сериозна провокација на новинарката“ и се брани дека во текот на мечот изгубил „извесна количина крв“ па не можел „правилно да расудува“.

Инцидентот во Лас Вегас потсетува на сличен срамен момент на Френч Опен во 2017 година кога францускиот тенисер Максим Аму беше избркан од турнирот бидејќи се обиде насила да ја бакне новинарката Мали Томас за време на ТВ-интервју во живо.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе