Хардвер

Новиот 16-инчен MacBook Pro на Apple најверојатно стигнува во септември

24. јуни 2019 - 11:04 | А.С.

Аналитичарите на компанијата IHS Markit Jeff Lin сметаат дека можно е Apple во септември да го претстави 16-инчниот MacBook Pro за кој веќе подолго време се шпекулира во технолошкиот свет.

Редизајнираниот лаптоп наводно ќе има LCD екран на компанијата LG Display, со резолуција од 3.072x1.920 пиксели, а тоа е зголемување во споредба со моментално најдобриот модел што има 15,4-инчен екран со резолуција од 2.880x1.800 пиксели.

Овој 16-инчен модел се очекува да има и нов процесор.

Apple ја обнови својата MacBook Pro понуда минатиот месец кога лаптопите добија помоќни процесори и измени на контроверзните тастатури со „butterfly“ механизам.

Аналитичарите на Lin очекуваат дека во септември подобри процесори ќе добијат и MacBook Air и 13-инчниот MacBook Pro.

За 12-инчниот MacBook засега нема детали, а со оглед на тоа дека не добил подобрувања веќе две години, не се очекува дека ќе добие нова верзија.

Коментирај