Мобилни

Новиот Android ќе се вика Oreo?

20. март 2017 - 15:36 | Д.Л.

Кон крајот на годинава ќе се појави новиот оперативен систем на Google, Android 8.0 O.

Во моментов додека Android 7 Nougat уште нема стигнато на многу Android модели, Google веќе ја подготвува наредната верзија на оперативниот систем кој според многу гласини ќе ја носи ознаката O, a за целосното име уште не е донесена дефинитивната одлука.

Во гласините се спомнува дека новиот оперативен систем ќе биде претставен на  Google I/O конференцијата на 17-ти мај, а што се однесува до целосното име, се спомнуваат Oreo, Orange, Oatcake, па дури и чоколатце со име Oh! Henry.

Хироши Локјејмер, потпретседател за Android во Google, на својот Twitter профил објави фотка која асоцира дека името би требало да биде токму Oreo.

Коментирај