Новиот авион на Airbus е подготвен да го изведе најдолгиот директен лет во историјата

Огромниот Airbus A350-900ULR денеска ќе биде пренесен на аеродромот во Сингапур, од каде ќе полета кон аеродромот Њуарк, што претставува најдолгиот директен лет во историјата. Времетраењето на летот се очекува да трае помалку од 19 часа.

Кратенката ULR означува „Ultra Long Range“ (Ултра долг домет), што е соодветно име ако се земе предвид фактот дека овој авион може да лета непрекинато цели 15.348 километри.

Airbus A350-900ULR може да лета повеќе од било кој друг авион за комерцијални летови, со максимално време на летање од 20 часа. Тој ќе биде пуштен во комерцијална употреба на 11 октомври и е првиот од седумте авиони на Syngapore Airlines кој ќе го зголеми авиосообраќајот помеѓу Сингапур и Њуарк, два града кои буквално се наоѓаат на различни краеви на светот.

Производителот на овој авион, компанијата Airbus, успеа да ја зголеми дистанцата која ова летало може да ја помине со мала измена во резервоарот. Оваа верзија има проширен резервоар кој може да складира 165.000 литри гориво, што е за 24.000 литри повеќе во однос на обичните модели, а тоа му овозможува да прелета дополнителни 2.574 километри повеќе. Малите измени во аеродинамиката на телото на авионот придонесоа да се намали потрошувачката на гориво за 25% во однос на останатите модели на Airbus.

Најголемиот проблем со кој се соочи Airbus при производството на овој авион е големината на леталото. Поголемиот резервоар значи дека авионот ќе биде потешко, што пак значи дека ќе му требаат повеќе литри гориво за да остане во воздух. И така во круг. Инжинерите од оваа компанија мораа да балансираат помеѓу тежината на авионот и неговиот домет, па затоа мораа да го искористат секој трик кој го знаат.

Патниците во Airbus A350-900ULR ќе можат да одберат помеѓу две класи – економска и бизнис класа. Во економската класа ќе има вкупно 94 седишта, додека во бизнис класата ќе може да се сместат 67 патници.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе