Новиот британски носач на авиони „Queen Elizabeth“ стигна во Портсмут (Видео)
Новиот британски носач на авиони „Queen Elizabeth“, вреден три милијарди фунти, пристигна во пристаништето Портсмут, по обемната подготовка во базата на воената морнарица на Велика Британија.
Бродот, кој тежи 65.000 тони и е долг 280 метри, редовно е тестиран на море од неговата прва пловидба во јуни. Моментно не може да разместува авиони, а пробните слетувања и полетувања би требало да почнат следната година. Британската премиерка, Тереза Меј, рече ека бродот е симбол на Велика Британија како голема светска поморска нација.