Новиот детектор за гравитациски бранови фати мистериозни сигнали од вселената

Нов детектор за гравитациски бранови базиран на кварц сними два мистериозни сигнали во првите 153 дена од работењето.

Не е јасно што точно се овие сигнали, ниту што ги предизвикува. Засега е рано да се извлекуваат заклучоци, но следната работа на детекторот може да го намали изборот на опции.

„Возбудливо е што ова покажува дека новиот детектор е чувствителен и дава резултати, и сега треба да утврдиме што значат тие резултати. Ова е првпат да покажеме дека овие уреди може да се користат како високо чувствителни детектори за гравитациски бранови“, изјави физичарот Мајкл Тобар од Универзитетот Западна Австралија.

Огромните детектори LIGO и Virgo

Првото револуционерно откритие на гравитационите бранови беше направено пред само шест години. Оттогаш, детекторите LIGO и Virgo покажаа дека вселената „ѕвони“ до неодамна непознати гравитациони бранови како резултат на судир помеѓу црни дупки и неутронски ѕвезди.

Но, овие детектори се огромни, со краци долги 4 километри. Гравитационите бранови влијаат на ласерите долж овие краци, создавајќи интерференциски модели. Технологијата досега беше оптимизирана за бранови со ниска фреквенција, пишува Science Alert.

Гравитационите бранови со висока фреквенција се многу потешки за откривање, но дефинитивно вреди да се истражат. Брановата должина на гравитационите бранови е пропорционална со големината на универзумот; оние што се случуваат подоцна се поголеми, така што пократките бранови со висока фреквенција би можеле да откријат информации за Големата експлозија и универзумот од почетокот на времето.

Примордијални црни дупки и облаци од темна материја?

Хипотетичките објекти како што се бозонските ѕвезди и примордијалните црни дупки, исто така, би можеле да бидат високофреквентни извори на гравитациони бранови од неодамнешното минато. Овие бранови можат да бидат произведени дури и од облаци од темна материја.

Тобар и неговиот колега физичар Максим Горијачев дизајнираа десктоп-детектор за високофреквентни гравитациони бранови во 2014 година, и сега тие ги спроведуваат првите набудувања заедно со меѓународен тим.

Самиот детектор е кварцен кристален диск сместен во вакуумска комора заштитена од зрачење за подобро да спречи пречки. Тимот спроведе два пилот-теста; прво на 12 мај 2019 година, а вториот на 27 ноември 2019 година, и секој пат детекторот откривал мистериозни сигнали.

Но, постои можност овие гравитациони бранови да се произведени од механички стрес во внатрешноста на дискот или од внатрешен радиоактивен настан предизвикан од надворешно јонизирачко зрачење.

За време на следното придвижување на детекторот, експертите ќе додадат втор кристал за да ги исклучат космичките зраци. Ова треба да помогне во стеснување на причината за откриените сигнали.

„Овој експеримент за пребарување на гравитациони бранови со висока фреквенција е еден од двата моментално активни во светот, и имаме планови да го прошириме нашиот опсег на уште повисоки фреквенции, кои досега воопшто не биле истражени“, рече Тобар.

Студија Rare Events Detected with a Bulk Acoustic Wave High Frequency Gravitational Wave Antenna беше објавена во списанието Physical Review Letters.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Наука

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more

Првиот пациент со вграден Neuralink онлајн играше шах користејќи само мисли

Read more
 

Гик

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Читај повеќе