Новиот филм на Блејк Лајвли е забранет во Катар

Романтичната драма It Ends With Us, која ја воодушевува публиката ширум светот, е забранета да се прикажува во Катар, пишува The Hollywood Reporter.

Одборот за цензура во земјата пресуди дека филмот, во продукција на Sony Pictures и Wayfarer Studios, не е соодветен за прикажување во кино поради бакнување и „жешки“ сцени. Така, драмата It Ends With Us се придружи на голем број филмови кои не беа прикажани во Катар, како што се Barbie, Spider-Man: Across the Spiderverse, Anyone But You, Eternals, Doctor Strange in the Multiverse Of Madness и No Hard Feelings.

Романтичната драма е адаптација на истоимениот роман на авторката Колин Хувер, кој се занимава со прашања за семејна злоупотреба. Главните улоги во филмот ги толкуваат Блејк Лајвли, Брендон Скленар и Џастин Балдони, кој и го режираше филмот. Сценариото го напишаа Хувер и Кристи Хол.

Приказната ја следи Лили Блум (Лајвли), жена која по трауматичното детство успеала да ги оствари своите соништа и да отвори цвеќарница во Бостон. Таму го запознава шармантниот неврохирург Рајл, во кој брзо се вљубува, но нивната навидум совршена врска полека почнува да се претвора во токсична врска каква што имале нејзините родители. Кога нејзината прва љубов се враќа во животот на Лили, работите стануваат уште покомплицирани.

Споредни улоги во филмот ги толкуваат Џени Слејт, Хасан Минхаџ, Ејми Мортин и Кевин МекКид.

Филмските експерти предвидуваат дека драмата It Ends With Us би можела да биде голем хит на киноблагајните. И покрај просечните критики од критичарите, филмот ги освои гледачите и веќе заработи повеќе од седум милиони долари во кината, иако дури вчера ја имаше својата американска премиера.

It Ends With Us моментално има оценка од 57 проценти од критичарите на Rotten Tomatoes и 94 проценти од гледачите.

Remote video URL
реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Филм & ТВ

Свини повторно се разголе: Се појави топлес во нова спортска реклама

Read more

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Read more

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Read more

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Read more

Сцена

  • play_arrow

Свини повторно се разголе: Се појави топлес во нова спортска реклама

Читај повеќе
  • play_arrow

Се враќа The Exorcist - прв трејлер со Скарлет Јохансон 

Читај повеќе

Ѕвездата на Scooby-Doo огорчена по пропаста на кариерата: Ги продадов куќата и автомобилите

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли го напушта Холивуд

Читај повеќе

Откриена роднинска врска помеѓу Сидни Свини и Мерилин Монро

Читај повеќе

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Читај повеќе

Зошто Чешка се повлече од Евровизија 2027?

Читај повеќе

Paramount официјално го презеде Warner Bros.

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен првиот тизер за Blade Runner 2099

Читај повеќе