Новиот гејмерски смартфон на Xiaomi доаѓа наскоро

Иако Black Shark 3 не е долго време на пазарот, а Pro верзијата уште не се појавила на сите пазари, Xiaomi веќе се подготвува да го претстави наследникот.

На кинеската социјална мрежа Weibo се појави тизер за смартфонот Black Shark 3S, како и датум за неговата промоција – 31 јули.

Минатогодишниот Black Shark 2 немаше премиера заедно со Pro верзијата која подоцна понуди некои нови можности, а се очекува дека и 3S ќе има само минимални подобрувања.

Откако се појави Black Shark 3, на пазарот стигнаа и ривалите во сегментот гејмерски смартфони - Nubia Red Magic 5G, Asus ROG Phone 3 и Lenovo Legion Phone Duel, а многу од нив имаа подобри спецификации од уредот на Xiaomi.

Малку се знае за Black Shark 3S, а се очекува дека ќе има Qualcomm процесор Snapdragon 865 Plus. Black Shark 3 имаше стандарден Snapdragon 865, а подоцна стигна верзијата Pro со неколку оптимизации кои го направија уредот подобар за играње.

Исто така се очекува фрекфенција за освежување на екранот над 90Hz, како и повеќе RAM во однос на Black Shark 3 кој имаше 8 или 12 GB, зависно од моделот.

Тагови
реклама

Гејминг

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе