Софтвер

Новиот Gmail сега достапен на Android и iOS

25. февруари 2019 - 11:20 | К.З.

Како што беше најавено и претходно, Google во изминатиот период напорно работеше на новиот дизајн на апликацијата Gmail за мобилни уреди. Сега од технолошкиот гигант е потврдено дека редизајнираниот Gmail почна да пристигнува на сите Android и iOS уреди.

Со актуелниот апдејт, во апликацијата ќе биде имплементиран нов Material Design, кој на корисниците ќе им донесе попрегледно и посветло, односно почисто мени.

Освен дизајнерски, односно визуелни подобрувања, новиот Gmail претрпе и неколку други промени. Со последната верзија тој презема многу опции од сервисот за електронска пошта Inbox by Gmail.

Една од највпечатливите измени доаѓа во начинот на прикажување на мејловите, како и прегледот на дополнителната содржина која се наоѓа во мејловите, како документи, линкови, фотографии и слично. Во новата верзија, тие можат да се видат директно од инбокс менито.

Апликацијата Inbox by Gmail ќе биде исклучена од употреба до крајот на март 2019 година, а омилените функции од неа корисниците ќе можат да ги најдат во апдејтуваниот, редизајниран Gmail.

Коментирај