Авто новости

Новиот Golf VIII уловен без маска

12. март 2019 - 13:46 | Д.Л.

На друштвените мрежи се појавија фотографии од новата, осма генерација на Golf, кој е едно од најочекуваните возила годинава и веќе со децении крал на компактната класа.

Како што може да се заклучи од фотографиите, од Volkswagen одлучиле да не направат драстични дизајнерски промени, што до сега генерации наназад се покажува како успешна рецептура.

Новиот Golf е поставен на MQB платформата, а судејќи според последните фотографии изгледа пошироко, а со тоа и доста помоќно.

Производството најверојатно ќе започне летово, а светската премиера е закажана за оваа есен на Саемот за автомобили во Франкфурт.

Коментирај