Мобилни

Новиот Google Pixel ќе биде достапен во три бои

15. септември 2018 - 16:41 | К.З.

Како и секогаш кога се изработува нов модел на смартфонот Google Pixel, сите податоци околу неговиот изглед се држат во тајност. Но овојпат, неколку американски портали наведуваат дека се познати трите бои во кои ќе биде достапен овој нов уред.

Droid Life пренесува дека новите смартфони Pixel 3 и Pixel 3 XL ќе бидат достапни во три бои: црна, бела и мента.

Претставувањето на новите модели на уредите на Google е закажано за 9 октомври, но досега има мал број информации кои откриваат како ќе изгледаат овие два смартфони. Информацијата, како што велат од Droid Life, доаѓа од преземениот банер на Google кој укажува на трите бои во кои ќе бидат достапни новите модели на Pixel.

Pixel 3 и Pixel 3 XL се трета генерација на смартфони од произведувачот Google, а нивните први верзии за првпат беа претставени во 2016 година. Google ветуваше дека Pixel моделите ќе го преземат пазарот, а само две години подоцна тие се наоѓаат високо на листата на најпродавани смартфони во светот.

Она што предизвика контроверза беше значително зголемениот „notch“ кој ќе го има моделот Pixel 3 XL. Освен тоа, двата телефони ќе имаат стаклена маска на задниот дел и можност за безжично полнење. Спротивно на многу смартфони на пазарот, овие два уреди ќе имаат две камери на предната и една на задната страна од телефонот.

Коментирај