Новиот Huawei Nova 4 со „дупка“ во екранот пристигнува месецов

Наместо толку популарниот „notch“, дизајнерите на Huawei се решија да бидат малку покреативни од нивните конкуренти од телефонската индустрија и да вметнат мала, скоро незабележлива дупка во екранот на моделот Nova 4, кој ќе се појави на пазарот веќе од овој месец.

Според кинеските медиуми, Huawei Nova 4 би требало да биде претставен веќе на 17-ти овој месец, а новите рендери покажуваат како ќе изгледа овој уред.

Huawei не е единствениот производител кој работи на уред со новиот формат на дисплејот. Покрај тоа што го најави долго очекуваниот смартфон кој се витка, Samsung најави еден куп нови концепти за дисплејот на новите телефони, меѓу кои е и дисплејот наречен Infinity-O, кој има сличен дизајн како оној на Nova 4.

Се шпекулираше дека телефоните од производната линија Galaxy S10 ќе бидат првите кои ќе користат дисплеј со „дупка“, но како што стојат работите, Huawei ќе го претекне Samsung до ова достигнување.

„Дупката“ во екранот всушност не е вистинска дупка, туку во неа ќе биде сместена селфи камерата која кај минатогодишните модели на телефони се наоѓаше на „notch“-от на горниот дел од екранот.

Новите рендери го покажуваат изгледот на новиот Huawei Nova 4, кој ќе биде флегшип моделот на кинеската компанија за наредната година.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе