Мобилни

Новиот iPhone ќе има „грпка“ на задниот дел

2. јули 2019 - 15:44 | К.З.

Како што доаѓаме поблизу до септември, се ближи моментот кога Apple ќе го презентира новиот модел на iPhone за 2019 година. Од iPhone 6 до iPhone 8, изгледот на уредите не се менуваше премногу, но дизајнот беше променет за новата серија X, која веројатно ќе се задржи на пазарот и во иднина.

Ако се остварат предвидувањата на аналитичарите и инсајдерите од смартфон индустријата, по моделите X и XS, оваа година би требало да се појават моделите од серијата XI, кој однадвор изгледа скоро идентично како неговите претходници, но со една мала промена.

Новиот iPhone ќе има грпка на задниот дел, ако може да им се верува на протечените рендери од оваа недела. Грпката е всушност дел од задната страна на уредот каде што ќе биде сместен системот од три камери, со што оваа серија се разликува од регуларната серија на iPhone уреди со нумерички ознаки.

Тоа го потврди и познатиот инсајдер @Slashleaks, кој на неговиот Twitter профил објави 3D рендери од трите очекувани овогодишни iPhone уреди, наследници на моделите XS, XS Max и XR. Тие ги носат ознаките XI, XIS и XIR.

Иако на рендерите тоа не може да се забележи, малата промена на дизајнот веројатно ќе го опфати и стаклото на задниот дел, кое на новите модели би требало да е поматно и нешто погрубо на допир.

Ако посветите доволно време на разгледување на рендерите, ќе забележите дека Apple го исполни ветувањето и го редизајнираше копчето за активирање на нечуен режим. Тоа е воедно и последната дизајнерска промена кај новата генерација уреди во однос на iPhone X.

Што се однесува до карактеристиките на новите уреди, се очекува дека iPhone XI ќе има побрз процесор и поддршка за побрза Wi-Fi мрежа, додека поддршката за 5G ќе изостане, барем засега.

Коментирај