Новиот iPhone конечно ќе добие перископска телефото камера

Наредната генерација iPhone што ќе стигне во 2022 година ќе има перископска телефото камера, покажуваат новите истражувачки заклучоци на етаблираниот аналитичар Минг-чи Куо од TF Securities.

Во извештајот на Куо, што беше објавен во 9to5Mac, AppleInsider и MacRumors, се наведува дека јужнокорејската компанија Semco наводно ќе биде задолжена за новата технологија со автоматски фокус за новите модели на iPhone, објави Verge.

Перископските камери први почнаа да ги развиваат кинеските компании, како Oppo и Huawei кои претставија телефони со опција за 5X зум. Samsung годинава им се придружи на кинеските технолошки гиганти со моделот Galaxy S20 Ultra.

Во 2016 година, iPhone 7 Plus на Apple беше првиот мобилен кој користеше секундарен 2Х телеобјектив кој исто така се користеше за длабочина при снимање портрет фотографии. Меѓутоа, Apple оттогаш не се помести од 2Х зум, додека конкурентите отидоа чекори напред.

Ако сега премине на перископ, Apple најверојатно ќе си обезбеди домет на зумот од 5Х и повеќе. Колку за споредба, P40 Pro Plus наHuawei со неговите 10Х перископски леќи има најголем оптички домет меѓу стите достапни смартфони на пазарот.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе