Новиот „Joker“ тешко се „вари“ - гледачите преплашени си заминуваат од киносалите

Овој филм за Џокерот се очекуваше со најголемо нетрпение.

И покрај насилната тематика на филмот, премиерата на „Joker“ предизвика голем интерес кај публиката и добива одлични критики, како и навестувања за Оскар.

Во првиот викенд од прикажувањето „Joker“ оствари нов рекорд за октомвриска премиера, со заработка од 93,5 милиони долари. Претходниот рекорд на посетеност го држеше „Venom“, со заработка од 80 милиони долари. На меѓународен план, „Joker“ заработи 140 милиони долари на 73 пазари, резултирајќи со фасцинантни 234 милиони долари на глобално ниво.

Филмот имаше премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби престижната награда Златен лав.

Ликот на Џокерот, Артур Флек, во филмот за злогласениот негативец во режија на Тод Филипс го игра Жоакин Феникс. Неговата изведба е толку убедлива што некои гледачи не можат да ја „сварат“ и ги напуштаат киносалите.

„Само што излегов од проекција на ‘Joker’. Беше престрашно, со оглед на сѐ што се случува околу нас. Сметам дека филмот ги велича оружјето и душевните проблеми“, напиша еден гледач на социјалните мрежи.

„Сега излегов среде ‘Joker’. Одамна не сум се исплашил толку многу во кино, е*ате“, напиша друг.

Феникс и Филипс во интервјуа уште пред прикажувањето го бранеа филмот и нагласуваа дека веруваат дека публиката знае да ја направи разликата меѓу доброто и злото.

Армијата на САД и Полицијата на Лос Анџелес беа на готовс за време на кинопремиерата на „Joker“ во кината, а еден синџир киносали забрани носење костими на проекциите на филмот.

Мрачната тематика на филмот што се снимаше со буџет од 55 милиони долари, за подемот на лошиот кловн кој е заколнат непријател на Бетмен, ги разбуди сеќавањата за масовното пукање во кое загинаа 12, а беа повредени 70 луѓе, на полноќната проекција на „The Dark Knight Rises“ во Аурора, Колорадо во 2012 година.

Синџирот киносали Landmark Theatres што поседува 52 сали на 27 пазари, ја прошири забраната за маски и играчки-оружје и сега забрането е да се носат какви било костими додека „Joker“ игра во кината.

Дистрибутерот на филмот, студиото Warner Bros., излезе со соопштение во кое нагласи дека „насилството предизвикано од огнено оружје е критична тема“, како одговор на барањето на жртвите од пукањето во Аурора компанијата да го искористи своето влијание врз јавноста во насока на кревање на свеста за опасноста од огненото оружје.

„Joker“ игра на редовен репертоар во Синеплекс и Кино Милениум.

реклама

Маск: Време е Amazon да се разбие

Read more

[КАЈГАНА интервју] Себастијан Ерера - наскоро колумбиски шмек во репрезентацијата на Македонија?

Read more

Задолжителен 14-дневен карантин во Бугарија за наши државјани при влез во таа земја

Read more

Снајдер: Можев да бидам како Меси или Роналдо, но не сакав

Read more

Филм & ТВ

[КАЈГАНА препорака] Зошто треба да ја гледате серијата „Blindspot“?

Read more

Кијану Ривс е „виновен“ за името на John Wick

Read more

Објавен трејлерот за трилер драмата „Run With The Hunted“

Read more

Емилија Кларк се враќа со хорор антологијата „Murder Manual“

Read more

Сцена

  • play_arrow

[КАЈГАНА препорака] Зошто треба да ја гледате серијата „Blindspot“?

Читај повеќе

Кијану Ривс е „виновен“ за името на John Wick

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлерот за трилер драмата „Run With The Hunted“

Читај повеќе
  • play_arrow

Емилија Кларк се враќа со хорор антологијата „Murder Manual“

Читај повеќе
  • play_arrow

„Total Recall“ слави 30 години, сите го паметат по една сцена

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто обожаваме да гледаме серии и филмови за криминалци?

Читај повеќе
  • play_arrow

Астронаутите на SpaceX слушале „AC/DC“ и „Black Sabbath“ при лансирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за италијанската хорор серија „Curon“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе