Авто новости

Новиот Lamborghini Huracan EVO е поскап за 15.000 евра: Што добивате за тие пари?

9. јануари 2019 - 8:44 | А.С.

Lamborghini го претстави новото издание Huracan со неколку новитети што се доволни да го оправдаат значителното зголемување на цената.

Цената на Lamborghini Huracan EVO во Германија сега изнесува 219.000 евра, што е за 15.000 евра повеќе во споредба со LP610-4.

Lamborghini Huracan во EVO пакување доби потполно интегриран LDVI систем за надзор на динамиката на возилото, подобра аеродинамика и нешто подобра моќност.

Има промени и во формата на предницата, а од страните има нови отвори за струење на воздухот. Најдоброто е назад- ауспусите се поставени повисоко, а вграден е и интегриран спојлер.

Сега автомобилот има поголема потисна сила – до пет пати поголема во споредба со првото издание на моделот.

Унапредени се и електрониката и системот за вртење на задните тркала.

И во кабината има по некоја новост. Покрај новите дезени на најфини материјали, Lamborghini со доплата може да испорача специјални додатоци како карбонски декорации и амбиентално осветлување.

Визуелното освежување се должи и на Infotainment со дијагонала од 8,4 инчи, а освен интеграцијата со смартфони, нуди пристап до интегригран хард диск и телеметрија со приказ на камери.

Под хаубата уште го има атмосферскиот „скапоцен камен“ 5.2 V10 со моќност од 640 коњски сили.

Lamborghini Huracan EVO доби мотор сличен на оној на моделот Huracan Performante, со тоа што е малку модифициран и подобрен.

Новиот Huracan има максимална брзина од 325 км/ч, забрзува од 0-100 за 2,9 секунди и од 0-200 за 9 секунди. Дури и кога ќе забрза, овој модел може да запре од брзина од 100 км/ч до 0 км/ч за 31,9 секунди.

Коментирај