Новиот пар гуми се става назад, а стариот се префрла напред - зошто?

Новиот пар гуми никогаш не треба да се става на предната оска, а за тоа има многу добра причина.

Експертите за гуми тврдат дека милиони сопственици на возила прават голема грешка. Кога не се заменуваат сите, туку само истрошените предни гуми, никогаш не треба да се става новиот пар гуми на предната оска. Наместо тоа, треба да се монтираат на задната оска, а гумите што биле на задната оска треба да се преместат на предните тркала.

Можеби веќе го знаете ова правило, но техничкиот менаџер на Michelin во Обединетото Кралство, Брајан Портиус, неодамна за Auto Express изјави дека половина од британските возачи воопшто не знаеле дека тоа е неопходно при промена на само еден пар гуми, пренесува хрватскиот дневен весник Jutarnji list. Исто така, нагласи дека и многу продавници за гуми и вулканизери не го знаат ова правило.

Можеби сега се прашувате зошто е подобро да ставите понови гуми во задниот дел кога предниот е тој што ги прави сите свртувања и наглите сопирања? Сето тоа е поврзано со стабилноста. Поставувањето подобри гуми на задната оска го намалува ризикот од лизгање и вртење на автомобилот на влажни коловози.

„Кога возилото е стабилно, тогаш можете да почнете да размислувате за сопирање. А, она што всушност го гледате е дека има доволно сила на сопирање и влечење и покрај делумно истрошените предни гуми“, објасни Портиус.

Најважно е дека возачот со новите гуми позади ќе има полесно разбирање и контролирање на секое пролизгување на предниот дел. Мешавината од меки нови предни гуми и стари тврди задни гуми често завршуваат во неконтролирано занесување при големи брзини, додека во спротивно можноста за такво нешто е многу помала и возачот може многу полесно да ја спречи оваа појава.

Експертот на Michelin, исто така, вели дека правилото „нови гуми на задната оска“ се применува без оглед на конфигурацијата на погонот на вашиот автомобил, вклучително и возилата што се опремени со погон на задните или на сите тркала.

Тагови
реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Авто новости

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Кои се главните адути на новиот Audi Q5?

Read more

Што ќе прават заедно Alfa и Maserati?

Read more

Volvo е првиот производител кој ќе користи рециклиран челик без емисии

Read more
 

Автомобили

Европа пред нова автомобилска револуција

Читај повеќе

Кои се главните адути на новиот Audi Q5?

Читај повеќе

Што ќе прават заедно Alfa и Maserati?

Читај повеќе

Volvo е првиот производител кој ќе користи рециклиран челик без емисии

Читај повеќе

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Читај повеќе

Дали акумулаторот ќе ве остави на цедило токму пред да тргнете на летување?

Читај повеќе

Kia: Немаме друг избор

Читај повеќе
  • play_arrow

Volkswagen го пушта во продажба Polo Edition 50

Читај повеќе

Зошто Stellantis ќе нуди подолга гаранција?

Читај повеќе