Новиот Роналдо: Пола Европа го сака 15-годишниот Ендрик

Бразилското „чудо од дете“ Ендрик сега е новата мета на сите најголеми европски клубови.

Неверојатниот 15-годишен напаѓач на Палмеирас, кој постигна 172 гола на 175 натпревари во јуниорските категории, е голема желба на Барселона, која веќе понуди огромна сума за него, но сега во трката се вклучија и други клубови.

Барса веќе некое време го следи Ендрик, а пред неколку недели ги испрати своите најдобри скаути во Бразил. Тие го гледаа младиот напаѓач на Копиња, најголемиот турнир за играчи до 20 години во Бразил, каде Ендрик постигна пет гола на седум натпревари и доминираше против многу постари играчи.

Барса би платила 45 милиони евра на три рати

Кога се увериле во неговите способности, на клубот му порачале дека мора да биде доведен по секоја цена. Бразилските медиуми објавија дека Барселона понудила 45 милиони евра што би ги исплатила на три рати. Првата кога Ендрик ќе потпише професионален договор со Палмеирас, втората кога ќе ја одигра првата сениорска сезона и третата кога ќе дојде во Барселона на 18 години.

Но, проблемот е што сега за него „загризаа“ и други клубови и лесно е можно Ендрик да биде најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот. Daily Mail пишува дека Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се распрашуваат за него, а Шпанците пренесуваат дека Реал Мадрид, кој е познат по тоа што носи млади Бразилци од неговата татковина, наскоро ќе испрати свои луѓе во Бразил.

Сите сакаат да го договорат неговиот иден трансфер пред Палмеирас да вгради огромна клаузула во неговиот професионален договор, многу поголема од онаа што ја нуди Барселона. Семејството на играчот е информирано за интересот на најголемите европски клубови, но Ендрик наводно нема намера да го напушти Бразил како дете, туку сака да стане професионалец во Палмеирас и дури потоа да направи трансфер.

URL

Воодушевува со головите

И додека европските клубови ги кршат главите за тоа како да го доведат, Ендрик продолжува да се истакнува во Копиња. Завчера во победата на Палмеирас од 5:2 постигна фантастичен гол со „ножички“ од 16 метри, а претходно на турнирот постигна неверојатен гол по една соло акција по која почнаа да го споредуваат со Роналдо. Ја зеде топката, помина двајца играчи и потоа мајсторски го „зезна“ голманот. Двата гола станаа вирални на социјалните мрежи.

URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе