Мобилни

Новиот Samsung Galaxy S11 ќе има камера од 108 мегапиксели

8. декември 2019 - 21:22 | М.С.

Од неодамна кружат гласините за спецификациите на новиот Samsung Galaxy S11 кој ќе пристигне во 2020 година, а според најновите информации, смартфонот ќе има камера од 108 мегапиксели, пишува Bloomberg.

Galaxy S11 исто така ќе има и Time-of-Flight sensor (ToF) камера, како Galaxy Note 10 Plus.

ТоF сензорот емитира определена количина на светлина на површината на оддалечените објекти и определува колку време треба за да се врати светлината од објектите назад.

На тој начин може да се определи различна оддалеченост на различни објекти во однос на ToF камерата.

Samsung планира камерата да има 108 мегапиксели и оптички зум од 5X.

Освен Galaxy S11, Samsung ќе го претстави и моделот Galaxy S11e кој би требало да има малку поголем екран.

Коментирај