КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Новиот селектор веќе повика тројца дебитанти

Филип Здравески
/ 19.08.2021 / 17:07

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација допрва треба да го објави списокот на повикани играчи за септемвриските квалификации, но веќе е познато дека на него се наоѓаат барем три нови имиња. Со нив, очигледно почнува процесот на подмладување на репрезентацијата.

Деновиве во јавноста излегоа имињата на тројца фудбалери за кои нивните клубови самите гордо се пофалија дека довиле повик да ги бранат боите на репрезентацијата на Македонија.

Прв на социјалните мрежи се пофати МТК од Будимпешта бидејќи до овој клуб пристигнал допис од ФФМ дека нивниот голгетер Бојан Миовски треба да се јави на репрезентативна должност. Овој 22-годишен напаѓач, родум од Штип, со успех настапува во најдобрата унгарска лига каде минатата сезона постигна 7 голови пропратени со 5 асистенции, а двапати заби и во Купот каде запиша и една асистенција. Него јавноста и пролетта го бараше во репрезентацијата, особено по повредата на Несторовски, но не доби повик од поранешниот селектор. Сезонава веќе има еден гол.

Потоа, утрово се јави и ривалот на МТК, Залаегерсег, кој откри дека на списокот на Милевски е и централниот дефанзивец Никола Серафимов. И тој има 22 години, а во Унграија се пресели пред еден месец од редовите на Академија Пандев. Веднаш почна стандардно играјчи ги комплетните 90 минути во првите три кола од најдобрата унгарска лига, а успеа да постигне и гол. На два од натпреварите почна како десен бек, што дав аопција плус и во репрезентацијата.

URL

А, пак, денеска осамна информацијата дека новопечен репрезентативец е и Тодор Тодороски, десниот бек на Раднички од Ниш. Во српската лига се пресели после 2 и пол години во кои беше дел од хрватски Осијек, но настапуваше или за вториот тим или како позајмен кај Шибеник. Родум е од Прилеп, а и тоај, како по правило, има 22 години. Во првите 4 кола во најдобрата српска лига Тодороски настапи на три натпревари, од кои последните два ги одигра комплет.

Сите тројца беа дел од репрезентацијата до 21 година чиј селектор беше токму Милевски.

Денеска во просториите на ФФМ селекторот Милевски одржа работен состанок помеѓу тренерите на националните селекции на кој беше договорено сите наши репрезентации да почнат со имплементација на играње со иста формација, сѐ со цел полесно вклопување на играчите во секоја наредна фаза во селекцијата, за крај и успешна афирмација на самите фудбалери во сениорската репрезентација.

„Разговаравме околу принципите на селектирање, системите на игра со кој ќе се обучуваат фудбалерите, како и самиот профил на репрезентативците, односно кои индивидуални карактеристики треба да ги поседуваат за да бидат членови на репрезентацијата, без оглед на тоа за која возрасна група имаат право да настапуваат“, изјави за ФФМ новиот предводник на нашата најсилна селекција, Благоја Милевски.

Македонија прво на 2 септември ја пречекува дома Ерменија, потоа на 5-ти гостува кај Исланд, а на празникот 8 Септември игра дома со Романија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе