Новиот сој на коронавирус предизвика остар пад на берзите

На светските берзи, цените на акциите драстично паднаа минатата недела, бидејќи склоноста на инвеститорите за поризични инвестиции опадна откако беше идентификувана нова варијанта на коронавирусот во Јужна Африка за која стравува дека може да биде позаразна.

На Волстрит, Dow Jones минатата недела падна за 2 отсто, на 34.899 поени, додека S&P 500 потона за 2,2 отсто на 4.594 поени, а индексот Nasdaq 3,5 отсто на 15.491 поени.

До петокот, на берзите се тргуваше тивко, а потоа пазарите ги потресе веста дека во Јужна Африка е идентификувана нова варијанта на коронавирусот со голем број мутации. Се стравува дека може да биде отпорна на вакцини и позаразна од претходните варијанти на вирусот.

Како резултат на тоа, многу земји, вклучително ЕУ, Обединетото Кралство, САД и Бразил, најавија построги гранични контроли на патувањата од шест јужноафрикански земји.

Ова ги вознемири инвеститорите кои веќе беа загрижени за брзото ширење на коронавирусот во Европа и повторно воведување локдаун во некои земји, како Австрија.

Во Германија, бројот на смртни случаи од вирусот надмина 100.000 минатата недела, Словачка објави двонеделен локдаун, а чешката влада порано ги затвори баровите.

И тоа може да го забави економското закрепнување на регионот од корона кризата.

„После вакви вести прво пукаш, а потоа поставуваш прашања“

„После вакви вести прво пукаш, а потоа поставуваш прашања. Пазарите го проценуваат ризикот од друг можен глобален бран на ширење на вирусот доколку вакцината се покаже неефикасна. Надежите за отворање на економиите и земјите би можеле да паднат“, објаснува Реј Атрил, стратег во Националната австралиска банка.

Како резултат на тоа, драстично паднаа цените на акциите во туризмот и другите сектори, кои би биле најтешко погодени од повторното затворање на економиите, додека побарувачката се зголеми за инвестиции кои се сметаат за побезбедни засолништа за капиталот во несигурни времиња, како што се државните обврзници и одредени валути.

VIX индексот на „стравот“ на Чикашката берза го достигна највисокото ниво од почетокот на март во петокот, што покажува дека инвеститорите сè повеќе ги обезбедуваат своите портфолија од можен понатамошен пад на цените на акциите.

„Ова дежаву е веројатно по осми пат. Колку што разбравме, ширењето на нова варијанта на коронавирус би можело да се забрза во текот на викендот. Во такви околности, многу инвеститори се плашат од нови лоши вести за тоа и не сакаат да имаат поризични инвестиции во понеделник наутро, кога повторно ќе отворат берзите“, вели Кит Бјукенан, портфолио менаџер во Global Investments.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,5 отсто, на 7.044 поени, додека франкфуртски DAX потона за 5,6 отсто, на 15.257 поени, а париски CAC 5,25 отсто, на 6.739 поени.

На берзата во Токио, пак, индексот Nikkei падна за 3,45 отсто, на 28.751 поен.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе