Хардвер

Новиот Surface Laptop 3 на Microsoft ќе доцни и најверојатно ќе биде 15-инчен

16. септември 2019 - 11:48 | Ф.З.

Microsoft се подготвува да пушти во продажба нов модел на Surface Laptop 3 и тоа верзија со големина од 15 инчи.

Surface генерацијата ќе добие освежување. Како што открива WinFuture, компјутерот ќе биде 15-инчен со истиот 3:2 aspect ratio и AMD процесор.

Моментално Microsoft нуди две верзии на Surface Book 2 и тоа од 13,5 и 15 инчи. Surface Laptop 3 треба да биде конкуренција на 15-инчниот Surface Book 2.

Иако се шпекулираше дека новиот модел ќе биде официјално претставен на саемот во Њујорк наредниот месец, сепак најверојатно тоа нема да се случи. Surface Laptop 3 ќе биде претставен во некоја наредна прилика.

Во Њујорк Microsoft ќе открие еден новитет, а тоа ќе биде новиот Surface Pro 7 со Qualcomm процесор.

Коментирај