Концепти

Новиот SUV на Maserati пристигнува во 2021 година

17. февруари 2020 - 10:34 | М.С.

Автомобилската компанија Maserati официјално го најави пристигнувањето на новиот SUV во 2021 година.

Италијанскиот произведувач потврди дека новиот SUV ќе се појави на пазарот во 2021 година, една година порано од очекуваното. Оваа информација е објавена со најавувањето на новата електрифицирана понуда.

Досега има многу малку детали за новиот SUV, но познато е дека Maserati ќе вложи 800 милиони евра во изработка на новата производствена линија која ќе започне да се произведува на крајот од првиот квартал од годината.

Концептот или продукциската верзија на SUV може да ја видиме наскоро доколку Maserati планира да ги има првите пред-продукциски модели до крајот на годината.

Тоа значи дека новиот SUV најрано може да го видиме во мај, а Maserati порано наговести дека нешто може да се случи во тој месец.

Новиот SUV своето место ќе го најде под моделот Levante.

Коментирај