„Terminator: Dark Fate“ продолжува со лошата заработка во Северна Америка - кешираше само 10,8 милиони долари во вториот викенд од прикажувањето.
Со ова, вкупната заработка на филмот на домашните киноблагајни засега изнесува 48,58 милиони долари. Тоа само покажува дека ни снимањето подобро продолжение не може да ја спаси франшизата за која општата публика прекина да се интересира многу одамна.
Филмот со Линда Хамилтон, Арнолд Шварценегер, Наталија Рејес, Мекензи Дејвис и Габриел Луна се очекува да ги заврши двете недели со вкупна бософис заработка од околу 65-70 милиони долари.
Толку заработи „Rise of the Machines“ во првите пет дена од прикажувањето во 2009 година. Новиот „Terminator“ помина нешто подобро на странските киноблагајни каде собра уште 150,9 милиони долари.
Оваа заработка од 10,8 милиони долари беше доволна за да се пласира на петтото место на домашниот боксофис, а на четврто е „Last Christmas“ со 11,6 милиони долари.
На прво место по заработка викендов на пазарот во Северна Америка е „Midway“ со 17,5 милиони долари.
На второ место е уште една премиера, „Doctor Sleep“ (14,1), а топ три го заокружува „Playing with Fire“ (12,8 милиони долари).
Состојбата на боксофисот во Северна Америка за изминатиот викенд изгледа вака: