Новиот трејлер за „Captain Marvel“ ве носи на борба во вселената
Остануваат нешто помалку од 100 дена до премиерата на „Captain Marvel“ во светските киносали а Marvel веќе се подготвува за датумот. Новиот трејлер за овој филм се појави на YouTube и во него можете да ја видите Бри Ларсон во улога на спасителот на моќните Avengers.
За разлика од останатите филмови од филмскиот универзум на Marvel, „Captain Marvel“ се случува нешто порано од актуелните случувања кои ги ставија членовите на Avengers во ситуација на живот или смрт. Можеби токму Керол Данверс (Captain Marvel) е спасителот на оваа група суперхерои...