Новиот трејлер за God of War: Ragnarök ја открива приказната

Покрај новиот трејлер за „Ragnarök“, компанијата Sony претстави и контролер инспириран од самата игрица.

На својот State of Play настан јапонската компанија со седиште во Токио го претстави новиот трејлер за игрицата „God of War: Ragnarök“, кој прикажува каква приказна и акција можеме да очекуваме.

Гледајќи го трејлерот, станува јасно дека односот помеѓу Кратос и неговиот син Атреус повторно е важен елемент во приказната. Атреус јасно става дознаење дека има тајна која не сака да ја открие, а и покрај тоа Картос продолжува да го следи. Исто така имаме прилика да видиме какви борби нѐ очекуваат, како и тоа кои се некои од најважните противници.

„God of War: Ragnarök“ е продолжение на популарната игрица од 2018 година. За PS5 и PS4 ќе излезе на 9 ноември. Засега, нажалост, не е познато кога ќе излезе и за компјутери, но се надеваме дека ќе ја почекаме пократко отколку претходната игрица.

Remote video URL

Sony исто така најави дека на денот на премиерата гејмерите ќе можат да купат и ограничена серија DualSense контролер за PlayStation 5. Дизајнот на новиот кионтролер е инспириран од „God of War“ игрицата и на себе носи обележја на мечка и волк, кои ги претставуваат Кратос и Атреус.

Remote video URL

„Ragnarök“ е четвртото продолжение во серијата од втората ера на игрицата, односно нордиската митологија. Првиот дел беше „God of War: A Call from the Wilds“, вториот „God of War: Mimir's Vision“, а третиот „God of War“. Првата ера беше за хеленската митологија и од 2005 до 2013 излегоа вкупно 7 игрици и тоа: „God of War“, „God of War II“, „God of War: Betrayal“, „God of War: Chains of Olympus“, „God of War III“, „God of War: Ghost of Sparta“ и „God of War: Ascension“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе