Новиот трејлер за „The Naked Director“ ги покажува почетоците на јапонската порно индустрија
Приказната на јапонскиот режисер на филмови за возрасни, Тору Мураниши, ќе биде раскажана на Netflix преку серијата „The Naked Director“, која ќе биде достапна на платформата од 8 август оваа година.
Преку „The Naked Director“ ќе може да дознаете повеќе за подемот и популаризирањето на порно индустријата во Јапонија. Она што започна како независна продукција за забава, три децении подоцна се претвори во огромна индустрија која денеска вреди повеќе од 20 милијарди.
Погледнете го трејлерот и оставете ги вашите впечатоци во коментари.