Седумгодишниот Рудолф Блејз Инграм веќе има прекар – Големата Молња, а многумина го нарекуваат следниот Усеин Болт.
Тој има свој Instagram профил и повеќе од 3.000 следбеници, а покрај тоа што трча, исто така игра фудбал и повремено работи како модел.
Ова енергично и шармантно момче го привлече вниманието на јавноста со трката на 100 метри што ја истрча за само 13,48 секунди, што е рекорд во САД за неговата старосна група.
Блејз почнал да тренира атлетика кога имал само четири години.
„Може да му се овозможи целата опрема што му е потребна да за биде одличен, но неговата сила, работна етика и волја за успех се работите што го поттикнуваат и што даваат резултати. Тој не сака да се чувствува како губитник. Сака да победува“, вели таткото на Блејз.
Тој додава дека се труди да му озвозможи на синот нормален живот, па затоа е задолжен за надзор на неговите тренинзи и на неговото присуство на социјалните мрежи.
„Никогаш не сум пропуштил негов тренинг, ни натпревар и работам на сите негови тренинзи. Тој е голема ѕвезда за останатите луѓе, за мене е само бебенце. Јас сум снимател, тренер, возач... сето тоа без плата. Мојата желба е само да го гледам среќен како го работи она што го сака“, вели тој.
Таткото на Блејз се надева дека син му еден ден ќе отиде на Олимпијада.
„И ако не отиде, тоа не е битно. Одиме понатаму. Важно е дека секогаш стојам зад него. Мора да стоите зад вашите деца и секогаш да ги поддржувате и на крај сигурно ќе станат некој и нешто.“