Новиот VW Passat Pro има 220 КС и дури три екрани

На Volkswagen можеби не му е сè розово во Европа, но работите функционираат сосема солидно на кинескиот пазар.

Во Европа, легендарниот Passat е ограничен на караван верзија, додека во Кина сè уште ја имаат привилегијата да имаат лимузина. Така, лимузината Passat штотуку беше претставена на автосалонот во Ченгду, во продолжена верзија со дополнителни 30 mm простор меѓу оските.

Оттука и додавањето на Pro во името, кое во исто време упатува на попремиум чувство. Планирани се две верзии, Pioneer и Starry Sky Edition, и двете со многу луксуз. Така, во кабината, покрај многу комфор, на корисникот му стојат на располагање дури три екрани, и тоа 10,3-инчен екран со мерни инструменти, 15-инчен инфозабавен екран и 11,6-инчен екран пред патник.

Нема потреба да се трошат зборови на удобноста. Доволно е да се има предвид дека овој Passat е во должина од пет метри. Технолошката поддршка е исклучителна, а стандардната понуда вклучува дури и head-up дисплеј со AR технологија и систем за автономно возење развиен во соработка со компанијата DJI, позната по производство на дронови.

Спротивно на очекувањата, Volkswagen се одлучи за помоќна опција за мотор. Под хаубата се наоѓа 2.0 TSI со 220 КС и 350 Nm, во комбинација со DSG менувач и погон на предните тркала. Настапот не е познат, а последните информации велат дека не се планирани електрифицирани настапи.

Passat Pro го нуди SAIC Volkswagen, но не е единствениот Passat на пазарот. Минимално пократкиот Magotan го нуди FAW Volkswagen, а на пазарот е и класичниот Passat претставен во 2019 година.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

Авто новости

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Дали акумулаторот ќе ве остави на цедило токму пред да тргнете на летување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Volkswagen го пушта во продажба Polo Edition 50

Read more
 

Автомобили

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Читај повеќе

Дали акумулаторот ќе ве остави на цедило токму пред да тргнете на летување?

Читај повеќе

Kia: Немаме друг избор

Читај повеќе
  • play_arrow

Volkswagen го пушта во продажба Polo Edition 50

Читај повеќе

Зошто Stellantis ќе нуди подолга гаранција?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Xiaomi е најбрз „на струја“: Го сруши рекордот на Rimac Nevera во Нирбургринг

Читај повеќе

Дали знаете да ја користите модерната технологија во вашиот автомобил?

Читај повеќе

Toyota пресмета: Еден електричен автомобил загадува колку три хибридни

Читај повеќе

Дизелашите „на старо“ се повредни од кога било

Читај повеќе