Новиот закон за ЈО влегува во собраниска процедура

Скопје, 23 јули 2019 (МИА) – Предлог-закон за Јавно обвинителство Владата денеска ќе го испрати во Собранието. Од Министерството за правда очекуваат пратениците своите ставови да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани.

Од Министерството за правда велат дека очекуваат поддршка од сите пратеници, но ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Рускоска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.

-Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Рускоска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање, истакнуваат од Министерството за правда.

За опозициската ВМРО – ДПМНЕ во моментов е неприфатливо новото обвинителство да го предводи актуелната шефица на Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека Предлог законот не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување обвинителство што ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, пак изјави дека предлогот Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство е токму на ВМРО-ДПМНЕ.

-Предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води ново Јавно обвинителство за организиран криминал не е одлука на политичарите. Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, вели Костадинов.

Премиерот Заев минатата недела посочи дека е потребно законот да се донесе летово, а најдобро е овој месец, бидејќи прашањето не смее да се пролонгира со оглед на тоа што очекуваме датум за преговори.

Законот за Јавно обвинителство и решавање на статсусот на СЈО, заедно со засилената борба против корупцијата е и едно од барањата на ЕУ за почеток на преговори за членство.

Коалицискиот партнер ДУИ дава јасна поддршка за предложеното решение, но велат кој ќе го води новоформираното обвинителство не треба да одлучуваат партиите, туку Советот на јавни обвинители.

Неизвесен е ставот на осумте независни пратеници што дадоа поддршка за уставните измени во контекст на Преспанскиот договор.

Од Алијансата за Албанците велат дека за нив прифатливо е само доколку на чело на новото обвинителство дојде човек назначен од Европската Унија.

Од Движењето БЕСА велат дека нема да го подржат новото законско решение, доколку не претрпи битни измени. Тие го условуваат поддржувањето на законот со претходен договор за предвремени избори.

Новиот закон за Јавно обвинителство е предложен, откако претходно немаше успех на средбите на работните групи на власта и опозицијата.

Со интегрирањето на СЈО и  Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, новото обвинителство ќе се именува во Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Сите обвинители од СЈО можат да продолжат да работат во ова ново обвинителство. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат. Истото важи и за останатиот персонал, а архивата, опремата ќе бидат префрлени во новото обвинителство.

Јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки, велат од Министерството за правда.

Со преодните одредби, предвидено е законот да отпочне да се применува на 15 септември.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе