Авто новости

Новите автомобили кои ќе се појават на Detroit Motor Show 2018

10. јануари 2018 - 15:32 | К.З.

Минатата година беше забележан пад на продажбата на автомобили на светско ниво, но производителите се надеваат дека оваа година повторно ќе се вратат на стариот пат. Саемот Detroit Motor Show, кој се одржува наредната недела, би требало да ни покаже што можеме да очекуваме во оваа година од најголемите автомобилски компании.

Detroit Motor Show е најголемиот автомобилски саем во САД, и секоја година е отворен за медиумите и публиката од средината до крајот на јануари.

Претставниците на медиумите ќе можат да ги видат изложените модели уште од 13 јануари, додека за публиката саемот ќе биде отворен од 20 јануари. Затворањето на изложбата ќе биде на 28 јануари. Засега се закажани неколку модели од најголемите светски автомобилски компании, а уште неколку модели би требало да се појават на саемот, ако може да им се верува на американските медиуми.

Во продолжение, неколку од моделите кои се очекува да се појават во салата во Детроит.

Ford Mustang Bullit 2019

Chevrolet Silverado 2019

Mercedes G-Class 2019

BMW i8 2019

Третата генерација на Honda Insight Prototype

Infiniti Q Inspiration Concept

Jeep Cherokee 2019

Volkswagen Jetta 2019

Mini Cooper 2019

Коментирај