Новите соеви на коронавирус може да дадат лажно негативни резултати на ПЦР тест

Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) го предупреди медицинскиот и лабораторискиот персонал дека генетските мутации на коронавирусот, вклучително и варијантата B.1.1.7 откриена во Велика Британија, може да доведат до лажно негативни резултати од молекуларен тест (ПЦР) за COVID-19.

ПЦР тестот е молекуларна постапка заснована врз докажување на присуството на вирусна молекула на РНК.

Агенцијата го предупреди персоналот на клиничката лабораторија и давателите на здравствени услуги за можни лажно негативни резултати од кој било ПЦР тест и ги повика внимателно да ги разгледаат ваквите резултати во комбинација со клинички опсервации и да го повторат тестот, но со поинаков тест доколку сѐ уште постои сомневање за COVID-19.

Лажно негативен резултат може да се појави со кој било ПСР тест доколку мутацијата се случила во дел од неговиот геном за кој тестот тестира, предупредува FDA, додавајќи дека, сепак, ризикот од такви мутации да влијаат на целокупната точност на тестот е мал.

Агенцијата забележа дека анализата открила дека резултатите од трите тестови на коронавирус кои биле одобрени за итна употреба во САД може да бидат погодени од генетски мутации во коронавирусот, но се чини дека тоа влијание не е значајно.

Заразна варијанта на COVID-19 што ја погоди Велика Британија е забележана во најмалку пет држави во САД, објави минатата недела директорот на Националниот здравствен институт Френсис Колинс, а научниците во петокот рекоа дека новоразвиената вакцина треба да биде исто толку ефикасна и против новата варијанта на коронавирус.

Стивен Хан од FDA истакна дека Агенцијата ќе продолжи да ги следи генетските мутации на коронавирусот за да се осигура дека сите досега одобрени тестови даваат точни резултати.

„Ние ќе продолжиме да работиме со овластени компании кои работат на развој на тестови и внимателно ќе ги проучуваме податоците за да се осигураме дека се дијагностицираат сите пациенти заразени со Sars-CoV-2, вклучително и оние заразени со мутирани соеви“, рече Хан.

FDA е на став дека вакцините што во моментов се лиценцирани за употреба се сепак ефикасни во заштитата од мутирани соеви. Лекарите и јавноста ќе бидат информирани за евентуални нови наоди.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе