ВИТАЛИА СЕ ГРИЖИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕН ВИД

Новите Супер-колачи на Виталиа со Брајова азбука

Македонскиот производител на здрава храна Виталиа продолжува со своето општествено одговорно делување. Покрај тоа што креира здрави производи за цела популација, произведува и специфични производи за одредена категорија консументи, за луѓе со попреченост, а овој пат се реши да им помогне на лицата со оштетен вид. Имено компанијата се погрижи на амбалажата на своите најнови производи, Super cookies, да биде испишана Брајовата азбука.

Виталиа е првата компанија од прехранбената индустрија во Македонија со ваква иницијатива, потврдувајќи ја со тоа уште еднаш својата решителност да им помага на луѓето од ранливите категории. Во компанијата веруваат дека тој чекор ќе го следат и другите компании.

Лицата со попреченост на видот се дел од нашата заедница и заслужуваат да им бидат овозможени истите права и уживања како и на сите нас. Сега  за прв пат ќе можат самите во продавница да ги препознаат и да ги изберат овие здрави продукти кои Виталиа ги нуди”, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска, менаџер и ко-сопственик на Виталиа.

Виталиа  оваа година слави јубилеј 25 години од своето основање, цврсто решена дека нејзината општествено одговорна улога ќе продолжи и понатаму, со уште поголем интензитет, покажувајќи лидерство и висока деловна одговорност, и почит кон локалната заедница.

Виталиа е македонска производна компанија за здрава храна која континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија, и која е присутна на сите поголеми интернационални саеми за храна. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Произведува широко портфолио на производи препознатливи по квалитетот и одличниот вкус, за сите генерации, за различни категории на луѓе, за оние кои сакаат да одржуваат здрав живот, како и за оние со одредени потешкотии.

*Промотивен текст

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе