Ново истражување: Може ли минералната вода да помогне при слабеење?

Ф.З.
/ 23.01.2025 / 10:19

Додека минералната вода се препорачува на социјалните мрежи како помош за слабеење, новото истражување ги побива овие тврдења, наведувајќи дека иако помага да се одржи шеќерот во крвта во нормални граници, нема никакво влијание врз слабеењето.

Една нова студија ја истражува теоријата дека газираната вода може да го намали нивото на гликоза во крвта. Тоа е корисно за губење на тежината, велат експертите, бидејќи ако шеќерот во крвта се одржува нормално со неколку скокови или падови, клетките на телото можат поефикасно да согоруваат маснотии помеѓу оброците за енергија.

„Кога се консумира газирана вода, јаглеродниот диоксид се апсорбира во крвните садови во желудникот“, вели авторот на студијата, д-р Акира Такахаши, лекар во центарот за дијализа во неврохируршката болница „Тесеикаи“ во Шиџонавате, Јапонија.

„Откако ќе влезе во крвта, јаглерод диоксидот брзо се претвора во бикарбонатни јони како дел од процесот кој одржува рамнотежа на pH. Оваа конверзија потоа предизвикува црвените крвни зрнца да станат поалкални“, објаснува Такахаши. „Оваа зголемена алкалност го забрзува процесот на потрошувачка на гликоза во црвените крвни зрнца, а со тоа го намалува нивото на гликоза“.

Нема значително губење на тежината

Студијата, објавена во вторникот во списанието BMJ Nutrition, Prevention & Health, се заснова на истражување од 2004 година на Такахаши и неговиот тим за хемодијализа, процес што се јавува за време на дијализа на бубрезите кога крвта се филтрира за да се отстрани отпадот и вишокот вода. За време на хемодијализата, јаглеродниот диоксид влегува во крвта, исто како кога се консумира газирана вода.

Додека една студија од ноември 2004 година покажа намалување на нивото на шеќер во крвта кога јаглерод диоксид се додава во крвта, новата студија заклучи дека количината на гликоза согорена за време на овој процес нема да биде доволна за некое значително губење на тежината.

„Црвените крвни зрнца не можат целосно да ја 'согорат' гликозата, а црниот дроб ќе ја рециклира“, изјави Кит Фрејн за CNN, професор од „Оксфорд“ кој не бил вклучен во студијата.

реклама

СМС пораката која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Read more

Како никогаш не треба да чистите паркет и ламинат во домот

Read more

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Read more

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Read more

Фит

Како да пешачите за да согорувате повеќе калории за само 10 минути?

Read more

Навики што ви го саботираат слабеењето по 40-тата година

Read more

7 утрински навики за успешно слабеење

Read more

Пиењето вода со лимон три пати на ден може да го забрза губењето на тежината

Read more
 

Магазин

Зошто некои луѓе никогаш не се потат?

Читај повеќе

Што треба да пиете наутро за подобар метаболизам и здравје на цревата?

Читај повеќе

Како да пешачите за да согорувате повеќе калории за само 10 минути?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарен трик може да помогне во ублажување на мигрената

Читај повеќе

Поздрав начин за подготовка на јајца: Мали трикови што прават голема разлика

Читај повеќе

Едноставни навики што може да го намалат шеќерот во крвта

Читај повеќе

Најголемата грешка што многу луѓе ја прават кога пржат замрзнат помфрит

Читај повеќе

Како никогаш не треба да чистите паркет и ламинат во домот

Читај повеќе

Австралиските спасувачи пронајдоа изгубен сурфер на пуст остров

Читај повеќе