Ново истражување на Македонски Телеком за дигитална зрелост на малите и средни компании

  • Зголемување во однос на минатата година - 34% од компаниите во земјава се дигитално зрели

И оваа година, Македонски Телеком, во соработка со ИПСОС, спроведе истражување  за дигиталната зрелост на македонските компании. Целта на истражувањето е да се добие увид во дигиталната подготвеност на компаниите во Македонија, да се разберат навиките и потребите за користење дигитални алатки, но и да се поттикнат малите и средни бизниси успешно и побрзо да се дигитализираат.

И во 2022 година, истражувањето беше спроведено врз репрезентативен примерок од 500 компании. Главниот фокус е насочен кон компаниите со помалку од 250 вработени, како значаен двигател на економијата со најголемо присуство на македонскиот пазар.

Еден од главните заклучоци е дека 34 % од компаниите имаат висок индекс на дигитализација, што е зголемување во однос на минатата година кога оваа бројка изнесуваше 28%.

„Сите оние компании коишто порано почнаа да користат дигитални алатки веќе бележат раст и развој. Денес не треба да дискутираме дали ни е потребна дигиталната трансформација, туку како и кога ќе ја спроведеме. Македонски Телеком е посветен парнер за дигитализација и освен дигиталните алатки и сертификати нуди и сигурност и одржливост на подолг рок, како и највисоки системи на заштита. Посветени сме да бидеме двигател и поттик за целосна дигитализација на бизинисите, а со тоа и развој на целата економија“, изјави Гоце Митевски, Главен комерцијален директор за деловни корисници.

Генерален заклучок од истражувањето е дека компаниите во Македонија, посебно малите со 1-9 вработени, ги согледале придобивките на дигиталниот маркетинг и дигиталната комуникација, а се забележува и статистички значаен пораст на релевантните алатки: веб комуникација,  дигитална продажба на производи/ услуги (е-трговија), спонзорирани реклами и други форми на дигитален маркетинг, софтвер за контрола и оптимизација на процеси, CRM/ ERP.

И покрај позитивниот тренд на дигитална трансформација на компаниите, сè уште сме на почетокот и се очекува сè повеќе мали и средни компании да користат дигитални алатки во наредниот период.

Повеќе за истражувањето можете да најдете на следниот линк.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе