Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Ајауаска (ayawaska), пијалак кој предизвикува контроверзии со децении, повторно стана предмет на научно истражување. Еве што овој пат открија за психоделичното дејство на растението што се додава во него.

Сите оние што консумирале ајауаска го опишале ова искуство како интензивно и придружено со силни халуцинации или средби со суштества од други димензии, по што дошле до сознанија кои им го промениле погледот на животот. Доволно за да се заинтересираат научниците и да се испита како психоделичните соединенија од пијалакот влијаат на човечкиот мозок, во овој случај диметилтриптаминот од растението Psychotria viridis, т.е. чакрун.

„Луѓето опишуваат дека го напуштаат овој свет и се преселуваат во друг кој е неверојатно импресивен и богато сложен, понекогаш населен со други суштества за кои сметаат дека имаат посебна моќ над нив, како богови“, објаснува професорот по неврологија и психијатрија на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, Робин Кархарт-Харис.

Рецепт стар илјада години

Археолошките ископувања во Боливија пред неколку години потврдија дека овој пијалак се користел најмалку илјада години. И тоа со варење на листовите на Banisteriopsis caapi и Psychotria viridis, додека самото име кажува дека го консумирале жителите на Андите, бидејќи на кечуанскиот јазик aya значи душата на предците, а waska е јаже.

За нивната студија, Крис Тимерман од Империал колеџ во Лондон и неговите колеги испитувале 20 волонтери. При неколку посети во лабораторијата, тие примиле инекција со 20 мг ДМТ или со плацебо, по што биле прегледани со помош на електроенцефалографија и функционална магнетна резонанца и испитани за интензитетот на искуството.

Резултатите покажале дека по консумирањето на ајауаска, организацијата на мозокот се менува, додека неговата активност станува непредвидлива, а поврзаноста помеѓу различните региони се зголемува. Она што е особено забележливо е дека врските се интензивираат меѓу регионите одговорни за имагинацијата.

Дополнително, било откриено дека ефектите на овие психоделични супстанции во раните фази на клиничките испитувања даваат ветувачки резултати при лекување на депресија во комбинација со психотерапија.

„ДМТ е со кратко дејство, па затоа е многу погодна алатка во споредба со псилоцибин, активната состојка во магичните печурки и ЛСД, која може да трае од 6 до 10 часа“, вели Тимерман.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

Тагови
реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Вести

Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Read more

Twitter се повлече од доброволниот кодекс на ЕУ во борбата против дезинформации

Read more

Компанија на Маск доби дозвола да тестира мозочни чипови на луѓе

Read more

Древни кинески потонати бродови откриваат детали за Патот на свилата

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Читај повеќе

Twitter се повлече од доброволниот кодекс на ЕУ во борбата против дезинформации

Читај повеќе
  • play_arrow

Компанија на Маск доби дозвола да тестира мозочни чипови на луѓе

Читај повеќе

Откриена Android апликација која ги снима корисниците, ако ја имате – избришете ја

Читај повеќе

Древни кинески потонати бродови откриваат детали за Патот на свилата

Читај повеќе
  • play_arrow

По два дена мрак се појавило сонце - реконструкција на уништувањето на Помпеја

Читај повеќе

Како Google Maps да престане да ви работи во позадина?

Читај повеќе

Исчезнуваат познатите прстени на Сатурн

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ќе се случи ако ја снема Месечината?

Читај повеќе