Ново откритие: Балканадолија бил посебен континент пред 40 милиони години

Балканот и Анадолија некогаш формирале единствен континент, кој постоел пред околу 40 милиони години.

Балкандолија, како што е наречен заборавениот континент, се наоѓал меѓу Европа, Африка и Азија и бил мост за цицачите од Азија до Европа, тврди група научници во новата студија објавена во списанието Earth Science Review.

Кога нивото на морето паднало пред околу 34 милиони години, Балканот служел како мост за животните да мигрираат во јужна Европа, пред голем број цицачи во Западна Европа да исчезнат за време на ерата на истребување, според студијата на научниците што ја предводеше палеогеологот Алексис Лихт од Европскиот центар за истражување на еколошката геонаука, кој е и професор на Универзитетот во Вашингтон во САД, пишува Science Daily.

Научниците своите тврдења ги темелат на фосилите пронајдени на Балканот, кои покажуваат дека животните емигрирале од Азија пет до 10 милиони години пред да се случи истребувањето во Европа. Тие користеле податоци за фосили од Балканот и Анадолија, споредувајќи ги со најновите сознанија за геолошката историја и ги реконструирале палеогеографските промени во регионот.

URL

Откриле дека Балканадолија во еден момент, од независен континент, станала „земен мост“ кога се споила со континенталниот дел на Европа, пишува Science Alert. Пред околу 50 милиони години, Балканот бил одделен од другите континенти и имал свој жив свет, кој се разликувал од Европа и Азија.

Комбинација од опаѓање на нивото на морето, пораст на мразот на Антарктикот и тектонски потреси го поврзаа Балканот со другите континенти пред 40 до 34 милиони години, се вели во студијата. Ова им овозможи на цицачите од Азија, како што се глодарите и копитарите, да дојдат на Балканот, а потоа и во Европа, покажуваат фосилните истражувања. Меѓу фосилите, научниците открија животно слично на носорог пронајдено во Турција, кое живеело пред 38 до 35 милиони години, што значи дека животните од Азија пристигнале на Балканот и Европа пред големото истребување.

Продорот низ Балканската долина бил многу полесен за животните, бидејќи патот низ Централна Азија бил многу потежок поради пустинските и ледените услови во некои делови.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе