Ново откритие: На Месечината пронајдена мрежа на мистериозни тунели

Американската вселенска агенција НАСА откри тунели кои водат длабоко под површината на Месечината, за кои е проценето дека би можеле да бидат идеални за нова лунарна база.

Станува збор за тунели кои одамна настанале како последица на лава, пренесуваат светските медиуми.

„Во однос на нивната величина, облик, осветлување и геолошко опкружување, станува збор за добри кандидати за лунарна база“, изјави водичот на истражувањето доктор Пакал Ли.

До откривањето на овие тунели научниците дошле проучувајќи снимки на површината, на кои забележале дупки.

Се покажало дека дупките всушност се отвори на тунели, кои се создале, најверојатно, во периодот кога на Месечината уште имало вулкански активности.

Биле откриени околу 200 слични такви отвори, а нови биле воочени на Северниот пол.

Во НАСА сметаат дека некои тунели длабоко би можеле да кријат и замрзната вода, што во тој случај би било големо олеснување за идните мисии на Месечината, бидејќи за патувањата би можеле да располагаат со дополнителен простор и тежина.

Претседателот на САД Доналд Трамп и издаде наредба на НАСА да испрати тим на астронаути на површината на Месечината.

„Нашиот следен чекор би требало да бидат понатамошни истражување, да потврдиме како овие дупки навистина влегуваат во тунели, односно ако влегуваат, дали содржат мраз“, заклучи доктор Пакал Ли.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе