Ново поглавје: Иниеста потпиша со јапонскиот Висел Кобе

Шпанскиот играч за врска Андрес Иниеста ја напушти Барселона и се пресели во јапонската прва лига, каде отсега ќе настапува во дресот на Висел Кобе. Тој утрово беше претставен како ново засилување на клубот и му беше врачен бројот 8.

Иниеста во Јапонија допатува заедно со сопственикот на Висел Кобе, Хироши Микитани, за кој тој напиша дека му е добар пријател.

Тој ја напушти Барселона по 22 години поминати во клубот во кој освои сѐ што можеше да се освои на клупско ниво. Вкупно 32 трофеи стојат зад неговото име во дресот на каталонскиот клуб, а тој таму одигра 674 натпревари. Авантурата на Иниеста во Барселона заврши, но тој не сакаше да се откаже од фудбалот и реши да ја продолжи кариерата во Јапонија.

Во Висел Кобе го чека поранешниот напаѓач на Баерн Минхен и Арсенал, Лукас Подолски, кој се пресели таму по крајот на неговиот договор со Галатасарај. Моментално јапонскиот клуб се наоѓа на шестото место на табелата по 15 одиграни натпревари.

Андрес Иниеста е еден од најтрофејните играчи во светот и тој има освоено сѐ што може да се освои: шпанската Ла Лига и Купот на Шпанија, Лигата на шампионите, Европскиот и Светскиот суперкуп, Европското првенство и Светското Првенство. Во триумфот на Шпанија на СП 2010 тој го постигна решавачкиот гол во финалето против Холандија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе