Ново правило за користење на плажите во Грција менува сè, казни до 60.000 евра

Во Грција од оваа година важи новото правило за регулирање на организираните плажи.

Правилото го регулира обезбедувањето јавен пристап до плажите. Според новиот закон, најмалку 50% од површината на плажата мора да остане достапна за јавноста.

Иако туристите сакаат да уживаат на лежалки во баровите на плажа, голем е бројот и на оние кои ја претпочитаат добрата, стара опција – сламена простирка, пешкир и сопствен чадор. Затоа со ентузијазам го дочекаа новото правило.

„Претходно сите лежевме на пешкир... Со години. А потоа почнаа да нè сортираат по куповна моќ. За мене морето не е море ако не сум на песок/ чакал директно со пешкирот. Навиките се чудна работа. За моите деца веројатно подобро е лежалка, но мене ми треба пешкир“, вели една жена која неодамна се вратила од одмор во Грција.

„Нема подобар одмор за мене отколку на сламена простирка, сите така летувавме и уживавме, играјќи карти на плажа“, вели друга.

Во групата Grčka info, еден корисник посочува дека постои и апликација со која можете да пријавите сопственици на барови на плажа во Грција кои зафатиле повеќе од дозволениот и законски предвиден простор на плажа со лежалки и чадори.

Казните за сопствениците се движат од неколку илјади евра до дури 60.000 евра.

реклама

Живот

Доаѓа ретрограден Меркур: Какви промени ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Колку долго бебето треба да спие со родителите во собата?

Read more

Како квасецот може да помогне во одржувањето на растенија во градината?

Read more

Гејмингот не е само обична игра

Read more
 

Магазин

Колачиња од кокос од само 4 состојки и готови за 30 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Како пчели отвораат пластично шише?

Читај повеќе

Што треба да јадете наутро против висок холестерол?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пржено пилешко со брокула

Читај повеќе

Напиток што топи маснотии: Пијте го секој ден и слабејте здраво

Читај повеќе

Патна аптека: Што треба да понесете на летен одмор?

Читај повеќе

Доаѓа ретрограден Меркур: Какви промени ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Симптом кој често се појавува во текот на летото може да биде скриен знак за дијабетес

Читај повеќе

Колку долго бебето треба да спие со родителите во собата?

Читај повеќе