Ново рочиште за нападот врз села Села по измената на обвинението

Скопје, 11 јуни 2018 (МИА) - Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година, за деветмина од обвинетите, откако на претходното рочиште беше повлечено обвинението против Сашо Сенков.

Обвинителот Дарко Јакимовски, минатото рочиште предложи измена на обвинителниот акт, според кое двајца од обвинетите Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски се теретат за насилство, а  останатите обвинети Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов се товарат за обид за убиство.

Судечкиот совет, на предлог на Обвинителството донесе решение мерката притвор против Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски да биде укината и им определи мерка за претпазливост, задолжително пријавување во Судот и забрана за напуштање на државата.

Во судницата, на минатото рочиште, се онесвести обвинетиот Александар  Јаневски Тошта, по што со Брза помош беше пренесен во болница на Клиника за кардиологија.

Претставникот на оштетениот Абидин Абдули, по завршување на последното рочиште, потврди дека е можно проширување на обвинението против други лица кои не се опфатени, а се гледаат на најновата видео снимка, но откако дополнително ќе се консултираат со обвинителството.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе