Македонија

Ново рочиште за „Рекет“, ќе сведочи обвинителката Лиле Стефанова

20. јануари 2020 - 8:55 | МИА

Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) – Поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“, денеска треба да сведочи на рочиштето за случајот „Рекет“.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска и се наоѓа во доказна постапка.

Како сведок во судот исказ претходно даде даде и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.

Досега исказ дадоа и бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“ што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Коментирај