Се појави нова снимка на која се гледа како иранската армија со две истрелани ракети го соборува украинскиот авион.
Видеото е потврдено од The New York Times и е од безбедносна камера поставена на кров на зграда во населбата Бидкане, 6 и пол километри од местото од каде се истрелани ракетите.
Првата ракета го оштетила авионот кој веднаш се упатил назад кон аеродромот крај Техеран, но втората била погубна. Авионот експлодирал и веднаш почнал да паѓа за малку промашувајќи го селото Халаџ Абад.