Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи

Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една недела од применување на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени од најмалку 10 проценти се проширува и истата опфаќа над 700 прехранбени производи, велат од Владата.

Владината прес-служба појасни дека согласно Законот за заштита на потрошувачите треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување на производите.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

„Секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен, а листата ќе има можност да се проширува и во следниот период. Мерката ќе важи еден месец односно од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година. Воедно, ја поздравуваме одлуката на компаниите кои се приклучуваат кон кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ и покажуваат општествена одговорност и ги повикуваме и останатите да се приклучат. Владата е директно насочена кон подобрување на економската состојба на илјадници семејства и животниот стандард“, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Ова е трета примена на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе- Се грижиме“, и Владата најави дека истата ќе продолжи и во иднина.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Сончево време со температури до 19°C

Read more

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Read more

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Read more
 

Вести

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Читај повеќе

Сончево време со температури до 19°C

Читај повеќе

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Читај повеќе

Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Читај повеќе

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Читај повеќе