Мобилни

Новото видео открива како ќе изгледа Samsung Galaxy Z Flip

3. февруари 2020 - 10:02 | М.С.

Телефонот на преклоп Samsung Galaxy Z Flip официјално ќе биде претставен овој месец, но на социјалните мрежи веќе се појави видеото кое го прикажува изгледот на новиот уред на јужнокорејскиот технолошки гигант.

Бен Гескин на својот Twitter профил објави видео во кое го отвора новиот Samsung Galaxy Z Flip. Не е познато од каде е изворот на видеото.

Видеото не покажува повеќе од тоа што имавме можност да го видиме на претходните фотографии. Сепак, доколку се прашувате колку Z Flip функционира во пракса, видеото на Гескин може да ви разјасни некои работи.

Телефонот ќе биде многу практичен за носење во џеб или во ташна, за разлика од другите мобилни телефони.

Samsung Galaxy Z Flip ќе биде претставен на настанот на Samsung во Сан Франциско на 11 февруари. 

Galaxy Z Flip има 6,7-инчен OLED екран на преклоп со формат 22:6 и FHD+ резолуција од 2.636x1.080 пиксели. За разлика од Galaxy Fold, новиот Z Flip ќе има „Ultra Thin Glass“ екран.

Коментирај